Ќе се рестартира Тутунскиот комбинат Куманово

03.10.2018 09:03 | KumanovoNews

Владата вчера ја усвои информацијата за имотот, кој припаѓал на должникот Тутунски комбинат “Боро Петрушевски Папучар АД” од Куманово, со цел да се испитаат можностите за рестартирање на комбинатот.

Ќе се рестартира Тутунскиот комбинат Куманово

Владата ги задолжила УЈП и Агенцијата за управување со одземен имот, во договор со доверителите и сопствениците на имотот, или на дел од него, да влезат во процес со кој ќе ги уредат меѓусебните односи во постапката со која треба да се создадат услови за продажба на вкупниот движен и недвижен имот на потенцијалните инвеститори, се наведува во соопштението од Владата.

Тутунскиот комбинат го купи Бајруш Сејдиу,  кој потоа беше осуден за организиран криминал и затајување данок.  По завршување на судењето имотот беше вратен на државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk