Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Свлечиштето кај село Страцин ќе биде санирано во 2016 година.
Министерството за транспорт и врски го стави во програма за оваа година, а ќе бидат санирани и повеќе свлечишта во државата. По обилни дождови во неколку наврати беше затворена третата коловозна лента кај Страцин поради свлечиштето.
Оваа година ќе бидат санирани две свлечишта на релација Тетово-Попова Шапка, 1 помеѓу Ресен-Охрид и 2 на потегот Маврово-Дебар. Во 2017 година ќе се работи на две свлечишта на потегот Тетово-Попова Шапка, 1 од Лакавица кон Неготино, 1 од Гостивар кон Кичево кај Церово, 1 на релација Маврово-Дебар, 1 Делчево-Берово и 1 на регионалниот пат Битола-Новаци.
Оваа инвестиција ќе чини 4.3 милиони евра.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk