Ќе се сослушаат притворените од кумановската група

04.08.2015 08:18 | KumanovoNews

 Во среда и во четврток се очекува да продолжи сослушувањето на уапсените во кумановската акција, кои  се во притвор во прилепскиот и во битолскиот затвор.

Ќе се сослушаат притворените од кумановската група

Процесот беше блокиран бидејќи притворените одбија да дадат изјава, без претходно Обвинителството да им ги презентира доказите против нив. Дел од нив побараа прво да се констатира и нивната здравствена психофизичка состојба, па потоа да дадат изјави. Ова, според одбраната, не подразбира дека тие се бранат со молчење, туку дека  едноставно бараат почитување на законските права.

За случајот во населба Тоде Мендол, каде загинаа 8 полицајци и 10 припадници на вооружената група од Косово, обвинети се 33 лица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk