Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дезинсекција против крлежи и дератизација против глувци во понеделник ќе се изврши на територија на општина Куманово.
Зелените површини на кои ќе се изврши дезинсекција ќе бидат видно обележани и на нив не се препорачува подолг престој за луѓе и животни непосредно по третманот.
Дератизација ќе се спроведе на Градскиот кеј.
- Третманот ќе се изврши со поставување на мамци во отворите од шахтите од постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за атмосферска вода. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на река Кумановка и кејот, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено да не го допираат - информираат од општина Куманово.
Дератизацијата последователно ќе трае неколку дена.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk