Ќе се уредува дворот на „Вук Караџиќ“

06.05.2015 08:36 | KumanovoNews

Дворот на основните училишта „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери“, до крајот на оваа учебна година ќе биде ограден и уреден.

Ќе се уредува дворот на „Вук Караџиќ“

Ќе се постават кошеви, клупи, лулашки, ќе се засадат дрвца и зеленило. Оваа инвестиција ќе се реализира со средства обезбедени од фондот “Заеднички градиме мостови“, преку Министерството за образование и ОБСЕ.

Планираме во еден дел од дворот да направиме зелен лавиринт. Поставување на детски забавен парк, каде ќе има клацкалки, лулашки за децата и третиот дел е поставување на кошеви и реновирање на постоечката ограда, затоа што подолго време е руинирана. Дворот е отворен, небезбеден за учениците. Ќе поставиме и три бетонски жардињери и клупи за седење. Ќе засадиме дрва, сезонско цвеќе и се надеваме дека ќе продолжиме со уредување на дворот затоа што се работи за голема површина - вели Надица Петровска, директорка на „Вук Караџиќ“.

Овие две партнер училишта во проектот, организираа заеднички спортски натпревари, „Игри без граници“, презентирање на фолклор, обичаи и друго.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk