Ќе се зголемуваат вештините на младите невработени од Североисточен регион

18.05.2016 09:12 | KumanovoNews

Центарот за Eкономски Aнализи и Федерацијата на Фармери на Република Македонија во соработка со општините Крива Паланка, Старо Нагоричане и Липково, започнаа да го спроведуваат проектот Создавање можности за вработување на младите од руралните средини.

Ќе се зголемуваат вештините на младите невработени од Североисточен регион

Проектот е финансиран од Европската Унија според Програмата за Развој на Човечки Ресурси. Целта на проектот е олеснување на вклученоста на младите од руралните средини на пазарот на трудот во Североисточниот плански регион во Македонија. Оваа цел е предвидено да се оствари преку 1) унапредување на вештините и разбирањето на вработливоста помеѓу младите од руралните средини, 2) овозможување на регионален систем, и 3) развивање на регионална стратегија за социјално и пазарно вклучување на целните групи.

За постигнување на првата цел од проектот, ЦЕА и ФФРМ ќе организираат  серија на бесплатни обуки со цел зголемување на капацитетите на младите невработени од руралните средини за поголема вработливост.  Обуките се наменети за сите невработени лица од 20-39 години, од Североисточниот плански регион  и тоа општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Старо Нагоричане, Ранковце и Липково со посебен фокус на младите невработени од руралните средини.

Покрај бесплатните обуки, проектот дава можност за извршување на неколку месечна платена практикантска работа на младите кои ќе поминат дел од обуките, како и младите кои се силно заинтересирани за зголемување на своите практични способности. Практикантската работа може да се извршува во еден од Работните клубови во Општините Старо Нагоричане, Липково и Крива Паланка, или кај заинтересирани компании кои работат од Североисточен Плански регион, од јули 2016.  Подеталните информации за обуките и за вклучувањето во работниот клуб како ментор заинтересираните можат да ги најдат на веб страницата на ЦЕА и ФФРМ.

Во рамките на проектот ќе бидат организирани и Саеми на кариера во Старо Нагоричане на 18.03.2016 и во Крива Паланка на 19.03.2016, како и во Липково во текот на следната недела. Саемите се наменети за вмрежување на бизнисите кои работат во регионот со младата потенцијална работна сила од руралните средини.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk