Ќе соработуваат кумановските и бугарските армиски и полициски ветерани

07.06.2013 12:59 | KumanovoNews

 Здружението на армиски и полициски ветерани од Куманово, во сабота ќе потпише меморандум за соработка со здружение од истата бранша од бугарските градови Ќустендил и Дупница.

Ќе соработуваат кумановските и бугарските армиски и полициски ветерани

Тоа е исто здружение како нашето со армиски и полициски ветерани. Ние една година сме во преговори и со српски здруженија за да соработуваме. Станува збор за армиски и полициски ветерани од Врање, Бујановац, Сурдулица - вели Киро Соларски, организационен секретар во Здружение на армиски и полициски ветерани.

Тој објаснува дека нивното здружение брои 200 члена, а бугарските здруженија кои ќе им станат партнери се побројни од нив.

Потпишувањето на меморандумот за соработка ќе биде во 11 часот во кружната сала во Комитет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk