Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„Со давање на својот глас за кандидатот за градоначалник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и здружената опозиција „За заедничка Македонија„, гласате за себе, за своето семејство, за својата улица, за својата иднина и иднината на своите деца, за својата визија за едно поубаво и поуредено Куманово„.
Ова кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски, на почетокот на изборната кампања им го порача на своите сограѓани на попладневната прес-конференција, која се одржа во општинскиот изборен штаб.
„Јас како кандидат за градоначалник и мојот тим, со советничката група, ветуваме на граѓаните на Куманово дека во престојниот период ќе создадеме ново, урбано, чисто и просперитетно Куманово. Разликата од нашите конкуренти е во тоа што ние работиме посветено и ќе дадеме се од себе ветувањата да ги спроведеме во дела, -изјави Ѓорѓиевски.
Доколку дојде на власт, Ѓорѓиевски најави нова ера за Куманово преку реализација на проекти за локален економски развој, образованието, културата, спортот и младите, намалување на невработеноста, решавање на инфраструктурните проблеми и создавање на здрава и чиста животна средина.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk