„Чекајќи го лекарот“ најдобра претстава на Денови на комедија, познати и другите наградени

15.10.2023 09:45 | Сузана Николиќ

Претстава „Чекајќи го лекарот“ од Театар Лесковац, Србија е прогласена за најдобра претстава на 26. издание на  Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ 2023 Куманово.

„Чекајќи го лекарот“ најдобра претстава на Денови на комедија, познати и другите наградени

Одлуката ја донесе стручното жири во состав:  Магдалена Ризова Черних,  претседателка, и членовите Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски.  

Наградата за најдобра режија ја доби Дамјан Тенев за претставата „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија, за најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје, најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје, најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје, најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија и најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје.
  
Годинешниве Денови на комедија завршија синоќа со премиерата на Кумановскиот театар „Љубовна терапија“.

Вечерва ќе бидат доделени наградите, по што ќе се одигра претставата „Обвинителка“, која е надвор од конкуренција на фестивалот. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk