Цело одделение во самоизолација, учителката позитивна на коронавирус

24.03.2021 17:03 | KumanovoNews

Учениците од едно одделение од основното училиште се во самоизолација откако учителката и една професорка се заразиле од ковид-19. Станува збор за 20-тина ученици од трето одделение.

Цело одделение во самоизолација, учителката позитивна на коронавирус

„Станува збор за едно одделение во основното училиште „Христијан Карпош“, каде имаме изолирано една паралелка, со еден наставник и неколку професори. Секаде каде што ќе се појави некој позитивен на корона, одделението се става во самоизолација, а наставата продолжува онлајн, за оние кои имаат настава со физичко присуство. Немам сознанија за други случаи и состојбата е стабилна во училиштата и детските градинки во Општината“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.  

Тој ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките и да внимаваат на своето здравје, бидејќи епидемината е во третиот пик и состојбата е повеќе од сериозна.

(С.Н.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk