Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Спомен-Костурница, утре со почеток во 11 часот ќе започне културно-музичка манифестација во организација на Wire Entertainment, независна музичка издавачка куќа од Куманово.
Фестивалот ќе биде комбинација на музичката и ликовна уметност.
Музичкиот репертоар се состои од DJ-сетовите на Никола Наумовски, Игор Калц и Антонио Димитриевски, по што следат Авелина, Д.Н.О, КИ, PMG Kolektiv, Dado K & Mamli, кои ќе бидат надополнети со перформанс од Dance studio Ultra.
Посетителите ќе можат да видат изложба на фотографии на уметници: Ѓорѓи Антевски, Игор Манојловски Калц, Марија Јовановска, Марјан Јаневски, Ангел Миов, Часлав Марковиќ и други реномирани имиња од актуелната ликовно-уметничка сфера.
Влезниците за настанот се во форма на своеволна донација.
Фестивалот ќе се оддржи според сите утврдени заштитни протоколи пропишани од соодветните надлежни органи.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk