Целосно се затвораат кафулињата, обложувалниците и продавниците во моловите

14.03.2020 19:38 | KumanovoNews

 Од денеска целосно ќе престанат со работа кафулињата, рестораните, обложувалниците, како и продавниците во трговските центри.

Целосно се затвораат кафулињата, обложувалниците и продавниците во моловите

Кафулињата, рестораните и продавниците можат да работат онлајн и да вршат достава до граѓаните“, рече Филипче по седницата на Владата.

Во трговските центри ќе работат само супермаркетите и аптеките.

Се затвораат и сите гранични премини кон Македонија освен Табановце, Деве Баир, Ќафасан и Блаце, кои ќе бидат отворени за премин на патници и возила. За 48 часа ќе престане со работа и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, а се забранува и влез на странски државјани од земјите со среден ризик, освен оние од земјите со висок ризик.

Министерот Венко Филипче, апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус и да останат дома.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk