Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно уметничкото друштво „Ѓоко Симоновски“, вечерва ќе одржи целовечерен концерт, насловен „Пензионерите за својот град“.
Гости на вечерта ќе бидат КУД „Лепенац“ од Крагуевац и Здружението на пензионерите од Кочани. Почетокот е закажан за 18 часот во салата на МКЦ „Козјак“ (поранешно кино Козјак).Влезот е слободен.
Oваа есен КУД „Ѓоко Симоновски“ имаше неколку настапи на домашната и меѓународната сцена, каде прикажаa дел од богатата културо уметничка програма.
Членовите на Друштвото како верни чувари на традицијата и народното богатство со песни и ора порачуваат дека во третото доба може креативно да се исполни времето и активно да се живее. На неодамнешната манифестација „Шопска свадба“ фолкористите изведоа сплет ,,Свадба“ при китењето на младоженецот, средствата што беа собрани се предадени на организаторот на манифестацијата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk