Целовечерен концерт на соло песни во Центарот за култура во Куманово

02.07.2024 17:21 | Оливера Пешевска

Во фоајето на Центарот за култура во Куманово,  утре, 3 јули, со почеток во 20 часот,  ќе се одржи целовечерен концерт на соло песни за љубителите на класичната музика.

Целовечерен концерт на соло песни во Центарот за култура во Куманово

Солистка на концертот e  Александра Коцевска- мецосопран,  во пијано придружба на Глигор Гелебешев.

Коцевска и  Гелебешев својата професионална соработка ја започнале во 2015 година и оттогаш се редовно присутни на концертните подиуми во државата.

„Очекуваме успешна музичка вечер и убава вечер за публиката. Ќе бидат изведени посебни и познати арии од Жорж Бизе, Ж.Б. Векерлин и Францис Пулен“, истакна Александар Митрички, музички соработник.

Коцевска и Гелебешев се успешни уметници и професори во Средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј" во Скопје.

Настанот е поддржан од Министерството за култура.

Влезот е слободен за сите заинтересирани.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk