Цената на рибарската дозвола непроменета

10.02.2014 09:22 | KumanovoNews

Цената на дозволите за риболов останува иста како и лани.

Цената на рибарската дозвола непроменета

 Како што соопштуваат од Спортско риболовно друштво “Пчиња“,за сениорите дозволата на годишно ниво чини 1500 денари, а за одредени категории како пензионери, студенти, млади до 18 години има поволности.

Старите дозволи од 2013 година не важат и треба риболовците да дојдат во нашите простории да извадат нови. Цената останува непроменета поради економската состојба. Со парите собрани од дозволи се трудиме да ги покриеме трошоците за тековно работење, да ги исплатиме двајцата рибочувари, да ги реализираме порибувањата - вели Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.

Од “Пчиња“ очекуваат и годинава да издадат околу 500 дозволи како и лани.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk