Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари

28.01.2022 17:31 | Сузана Николиќ

Владата ја продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи, како што се: леб, шеќер, брашно-тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8 отсто, 3,2 отсто и 3,5 отсто, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца и тестенини.

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари

Со оваа одлука највисоките цени на овие производи остануваат на нивото на редовните цени кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало, при што се исклучуваат цените на попуст (акциски попуст/снижување/распродажба) кои важеле на 1 декември 2021 година.
 
Оваа интервентна мерка на пазарот, која започна да се применува од 6 декември 2021 година ќе продолжи да се применува до 28 февруари 2022 година.
 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk