Центарот на градот најатрактивен за градба

17.07.2014 09:14 | KumanovoNews

Интензивно се гради во Куманово и оваа лето, а најатрктивни локации за градба се централното градско подрачје, околу кумановската гимназија,  во населбите "Зелен Рид","Гладно поле" и "Тоде Мендол".

Центарот на градот најатрактивен за градба

Поголем интерес има за индивидуални објекти, а потоа за стамбени и индустриски објекти.

 - До секторот за урбанизам по електронски пат се пристигнати 137 барања за градби, а одобрени се 86. Издадени се дозволи и на физички и на правни лица. Од 15 до 20 проценти од барањата се однесуваат на изградба на колективни стамбени објекти, велат од секторот за урбанизам во општината Куманово.

Согласно законот за градба издавањето на дозволи се врши исклучиво по електронски пат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk