Центарот за јавно здравје има уште 400 вакцини против грип

06.11.2015 10:38 | KumanovoNews

Центарот за јавно здравје Куманово располага со уште 400 дози вакцини против сезонски грип.

Центарот за јавно здравје има уште 400 вакцини против грип

Оттаму потврдуваат дека досега се потрошени околу 1200 дози, што покажува дека интересот за вакцинирање е голем, а се вакцинираат граѓани од сите возрасни групи.

Бидејќи сеуште е период на вакцинирање се надеваме дека овие вакцини во текот на наредната недела ќе бидат потрошени. Оваа година 500 дози земавме повеќе. Значајно е дека доаѓаат сите возрасни групи, меѓутоа најзачестена група е онаа над 64 годишна возраст. Тоа се лица претежно со хронични заболувања и значајно е дека оваа година имаме голем број на нови лица кои започнуваат со вакцинација против сезонски грип - кажа Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.

Од почетокот на сезоната се пријавени 54 заболени од грип, а поголем број на заболени се очекува кон крајот на оваа и почетокот на следната година кога грипот зема замав.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk