Центарот за јавно здравје набави 1800 бесплатни вакцини за пензионерите со мали пензии

05.11.2018 08:16 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје во Куманово денеска започна вакцинацијата против сезонски грип.

Центарот за јавно здравје набави 1800 бесплатни вакцини за пензионерите со мали пензии

Набавени се бесплатни 1800 вакцини, од кои 1500 за Куманово, Липково и Старо Нагоричане, 200 за Крива Паланка и 100 за Кратово. Тие се наменети за граѓаните над 65-годишна возраст и кои се со помала пензија од просечната или се без пензија, и тие ќе можат да ја примат откако претходно ќе појдат кај матичен лекар, кој треба да ги прегледа дали може да примат вакцина и да им закаже термин преку електронскиот систем за закажување МојТермин.

Пензионерите, како доказ треба да донесат чек од пензија, а граѓаните без примања потврда од ПИОМ дека не примаат пензија.

Центатот за јавно здравје Куманово обезбеди и 1000 вакцини за кои цената е 650 денари.

Овие вакцини можат да ги примаат граѓаните кои што сакат да се заштита од сезонски грип, хронично болни и деца.

Од Центарот велат дека е голем интересот за примање на вакцината.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk