Центарот за култура го одбележа Денот на книгата

23.04.2021 14:38 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска беше одбележан Денот на книгата - 23 април. По тој повод ученици од повеќе училишта читаа  делови од своите омилената книга и разговараа за литературата со писателот Петар Андоновски.

Центарот за култура го одбележа Денот на книгата

„Иако имаше голем интерес за оваа литературнo дружење, сепак според протоколите можевме да бидеме домаќини само на ограничен број на деца кои покажаат и испратија порака дека читањето е нешто кое го сакаат, а книгата нешто на кое секогаш со радост му се враќаат“, вели директорот Сашо Тодоровски.

Учениците ги споделија своите впечатоци за прочитаните книги со писателот и му раскажаа зошто сакаат и да пишуваат поезија и проза, посебно сега во оваа време кога децата се повеќе посветуваат внимание на техниката отколку на книгата.

На сите учесници им беа подарени книги.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk