Центарот за култура ја одложи изложбата „Жените и фотографијата 2020“

06.03.2020 12:59 | KumanovoNews

Отворањето на изложбата „Жените и фотографијата 2020“, којашто вечерва требаше да се случи во Центарот за култура „Трајко Прокoпиев“ во Куманово се одлага за седум дена, согласно вчерашната донесена одлука на Владата на Република Северна Македонија, заради превенција од корона вирус.

Центарот за култура ја одложи изложбата „Жените и фотографијата 2020“

Министерот за здравство Венко Филипче ѝ предложил на Владата да ја продолжи препораката за неодржување на јавните собири и спортските натпревари без публика, до 13 март.

Оваа мерка доаѓа како резултат на тоа што бројот на лица во Европа континуирано се зголемува.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk