Центарот за култура одбележа 106 години од раѓањето на патронот

06.11.2015 09:29 | KumanovoNews

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа со настапот на хорот “Моис Хасон“ од Скопје, прослави 106 години од раѓањето на патронот.

Центарот за култура одбележа 106 години од раѓањето на патронот

Присутните гости уживаа во изведба на дела од композиторите Прокопиев, Симиќ, Гајдов и други.

Установата го носи името на еден од најпознатите македонски композитори, чии дела се изведуваат во Европа. Тој е личност синоним за македонската современа сериозна музика - рече Роберт Цветковски од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Прокопиев е роден на 6 неомври 1909 година во Куманово, а починал на 21 јануари 1979 година во Белград. Во 1934 година завршува средно музичко училиште во Белград, во класата на Милое Милоевиќ. Работи како раководител на хорското друштво „Мокрањац“ и како учител во истоименото музичко училиште во Скопје. Потоа накратко работи како диригент во Лесковац, па заминува за Сараево, каде раководи со српското хорско друштво „Слога“. По Втората светска војна е назначен за прв директор на Средното музичко училиште во Скопје. Во 1946 година заминува на Прашкиот конзерваториум, каде учи една година диригентство кај професорот Павел Дједечек. По завршувањето развива голема активност како шеф на Музичкиот оддел на Радио Скопје, работи како диригент на Симфонискиот оркестар, на Скопската опера и како директор на фолклорниот ансамбл „Танец“. Во тој период се истакнува и како автор на филмска музика, дебитирајќи во 1948 година со музика за документарецот „Илинден 1948“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk