Центарот за социјални работи доби веб страница

26.12.2017 09:05 | KumanovoNews

Центарот за социјални работи Куманово изработи веб страница преку која граѓаните ќе можат да се информираат за активностите во установата.

Центарот за социјални работи доби веб страница

„Изготвена е веб страница www.jumcsrkumanovo.com.mk преку која граѓаните ќе имаат можност да добијат информации за сите нивни потреби, поконкретно за остварување на права и услуги во рамките на нашата установа“, - соопштуваат од Центарот за социјални работи.

Од Јавната Установа Меѓупштински Центар за социјална работа Куманово, додаваат дека во изминатиот шестмесечен период бележат низа резултати и реализирани активности.

„Направени се одредени промени во организацијата на работата во рамките на службите кои работат на правата и услугите се со цел подобрување на ефикасноста, ефективноста и давањето на поквалитетна услуга на граѓаните кои имаат потреба од истата. Центарот доби нов мебел, компјутери и клима уреди, со што значително се подобрени условите за работа на вработените како во ЦСР Куманово, така и во Одделението во Липково, делот во Детска заштита и Дневниот Центар за лица со посебни потреби„, - стои во соопштението од ЦСР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk