Центарот за зависности преселен во болницата

22.02.2016 16:40 | KumanovoNews

Центарот за зависници од дрога во населбата „Гоце Делчев“ од денеска ќе работи во поранешната амбуланта за дијабет во кругот на Општата болница Куманово.

Центарот за зависности преселен во болницата

Дислокацијата на Центарот уследи под притисок на жителите од населбата кои со години бараат негова преместување, бидејќи се наоѓа во непосредна близина на училиште и градинка.

Јас сметам дека тука ќе се подобри услугата на пациентите бидејаќи просториите се по стандарди кои ни ги налага Министерството за здравство. Од друга страна добро е што се сместени во болнички круг бидејќи тука ни е целата болничка инфраструктура и на тие болни можеме од сите аспекти да им помогнеме. Близу е оделението за психијатрија, има лекари специјалисти и на нашите сограѓани ќе им помогнеме максимално,- вели Ариф Љатифи - директор на Општа болница Куманово

 Љатифи е сигурен дека проблемите што ги имаше во Центарот за зависности во населбата Гоце Делчев повеќе нема да се повторат.

Тие работи што се случуваа таму со шприцеви овдека нема да се случуваат. Дел од вината беше и на нашите вработени. Тука сме блиску можеме да ги контролираме и мислам дека посовесно ќе работат - додава Љатифи.

Одлуката за дислокација на Центарот за зависници од дрога ја донело Министерството за здравство.  Лекарите очекуваат дека во новите простории ќе има поголеми резултати и дека ќе има поквалитетна услуга на пациентите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk