Централен регистар ќе прима годишни сметки во сабота и понеделник

12.03.2015 10:55 | KumanovoNews

Централниот регистар во сабота и понеделник од 8.30 до 16.30 часот ќе врши прием на годишни сметки за 2014 година, бидејќи рокот за самостојни вршители на дејност истекува во недела.

Централен регистар ќе прима годишни сметки во сабота и понеделник

Крајниот рок за поднесување на годишните сметки е во неработен ден, па поради тоа рокот за поднесување на пријавите се пренесува на 16 март 2015 година (понеделник). Дополнително, Централниот регистар ќе организира прием на годишни сметки и во Кратово, во Крушево и во Демир Хисар, во периодот од 8:30 до 16.30 часот утре и во понеделник.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk