Централна Кооперативна Банка ја презема Статер банка

15.03.2010 14:58 | KumanovoNews

 Бугарската Централна Кооперативна Банка се пријавила да ја купи Статер банка, поранешна КИБ од Куманово.

Централна Кооперативна Банка ја презема Статер банка

 Централна Кооперативна Банка од Софија, добила дозвола за откуп на обичните акции на Статер Банка во Куманово. Понудата за откуп на акции се однесува на сите 339.178 обични акции, издадени од Статер Банка. Централна Кооперативна Банка се обврзува да ги откупи сите хартии од вредност по цена од 1070 денари по акција. Понудувачот има депонирано 5.900.000 евра на девизната сметка на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, износ, кој е потребен за плаќање на сите хартии од вредност на  кои се однесува понудата- објавува Комисијата за хартии од вредност (КХВ).

Рокот за прифаќање на понудата за откуп изнесува 15 дена,а рокот за плаќање на акциите е веднаш по приемот на решението за успешност на Комисијата за хартии од вредност.

Бугарската Кооперативна Банка,  стана позната на кумановчани минатата недела, кога беше ограбено нејзиното возило со пари на излезот од градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk