Честит Илинден

02.08.2016 08:06 | KumanovoNews

113 години од Илинденскато востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ денеска ќе бидат одбележани во Република Македонија.

Честит Илинден

Со Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ во манaстирот Прохор Пчински удрени се темелите на македонската држава.

Овие датуми се длабико вкоренети во колективната меморија на нашиот народ.Двата Илиндена претставуваат историски темелник на македонската самобитност, непокор и слобода.

Годишнината од Илинден ќе биде одбележана со народни собири и свечености ширум земјата, а пред се во Пелинце и Крушево.

По повод Денот на републиката во меморијалниот центар АСНОМ денеска ќе присуствува претседателот Ѓорѓе Иванов.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk