Честитка од градоначалникот Димитриевски за „11 Октомври“

11.10.2018 08:14 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, од свое име и од името на локалната самоуправа на сите граѓани им го честита празникот „11 Октомври“.

Честитка од градоначалникот Димитриевски за „11 Октомври“

На овој ден им оддаваме почит на борците кои ги положија своите животи во народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија, на сите херои кои беспоштедно ги дадоа своите животи за остварување на една цел – слободата. „11 Октомври“, Денот на народното востание е празник на нашата држава и нација. Наша обврска е да го чуваме она за што нашите предци го дадоа својот живот и да продолжиме да го даваме својот придонес во нашите заеднички заложби за зачувување на основните вредности на кои е втемелено нашето општество – соживот, меѓусебно разбирање и почитување. Нека ни е честит и вековит празникот „11 Октомври“- стои во честитката на градоначалникот Димитриевски.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk