Честитка од градоначалникот Димитриевски за Курбан бајрам

09.07.2022 12:18 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита големиот муслимански празник Курбан бајрам.

Честитка од градоначалникот Димитриевски за Курбан бајрам

„Почитувани пријатели, празниците се за да се празнуваат, луѓето се создадени меѓусебно да се сакаат и почитуваат, да живееме сите заедно во мир, слога и разбирање. Различноста е таа која не спојува, која не држи заедно да се грижиме и да си помагаме меѓусебно. Од мое лично име и од име на Општина Куманово го честитам големиот муслимански празник Курбан бајрам на сите граѓани од исламска вероисповед, да сте ми живи и здрави“, стои во честитката на Димитриевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk