Честитка од Градоначалникот и Советот за 11 Ноември

11.11.2013 09:43 | KumanovoNews

Градоначалникот Зоран Дамјановски и Советот на Општината Куманово, упатија честитка до граѓаните, по повод Денот на одлободување на Куманово - 11 Ноември.

Честитка од Градоначалникот и Советот за 11 Ноември

Од свое имае и од името на Советот на Општина Куманово, сакам на сите граѓани на Општина Куманово да им го Честитам празникот 11 Ноември, Денот кога во него стапна слободата. Тој настан ја одржува свежината на сеќавањето на граѓаните на Куманово веќе 69 години. Така ќе продолжи и во годините и децениите во иднината, бидејќи овој ден е од клучно, судбинско значење за нас и за нашето опстојување низ времето. Локалната самоуправа на Куманово, во рамките на своите надлежности, вложува максимални усилби да го помогне напредокот на Општината, особено во комуналната сфера и во општествените дејности.- се вели во честитката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk