Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски упати честитка до граѓаните, по повод Денот на Републиката.
Во свое име и во името на локалната самоуправа ви го честитам празникот 2 Август – Илинден – Денот на Републиката. Ден кога ги славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ. Благодарение на двата Илиндена, 1903 и 1944, кои се светилникот на нашата борба за сопствена држава, денес имаме можност да живееме во демократска и независна Република Македонија.
Илинден прераснува во синоним на нашето постоење, и денес 114 години после Илинденското востание и 73 години по првото заседание на АСНОМ , можеме да кажеме дека секоја генерација Македонци има своја борба. Нашата борба е да продолжиме посветено да работиме, секој во рамките на своите можности, со што сите заедно ќе да допринесеме во изградбата на една уште помодерна и просперитетна општина Куманово, - стои во честитката од градоначалникот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk