Честитка од градоначалникот за Илинден

02.08.2014 05:12 | KumanovoNews

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски на сите граѓани на Куманово и на Република Македонија им ги честита двата Илинден.

 
Честитка од градоначалникот за Илинден

Денес Република Македонија одбележува 111 години од Илинденското востание и 70 години од  Првото заседание на АСНОМ. Илинден е  ден кога ги славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ. Прославувајќи го 2 Август, Денот на Републиката им упатуваме искрена благодарност на сите херои од сите периоди на нашата историја чии идеали за слобода и рамноправност ги преточија во стварност. Идеалите и придонесот на нашите херои, нe обврзуваат не само да го чествуваме големиот празник,туку и да ја продолжиме нивната голема мисла и дело.

На сите жители на Општина Куманово, како и на сите граѓани на Република Македонија им го честитам денешниот празник. Нека Ви е честит големиот Илинден!- стои во честитката од градоначалникот Зоран Дамјановски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk