Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски упати честитка до граѓаните на Куманово, по повод големиот национален празник Илинден.
„Историската и духовната традиција на овој празник се доказ за непокорливоста на македонскиот народ, а неговоото празнување е оддавање почит на битката за самостојност и независност. Денеска им оддаваме почит на нашите херои кои го дале својот живот за слободна и независна Македонија, дом за сите граѓани кои живеат тука. Денес се навршуваат 113 години од почетокот на Илинденското Востание и 72 години од Првото заседавање на АСНОМ. По тој повод на сите жители на Куманово и на сите граѓани на Република Македонија, им го честитам големиот национален празник Илинден, - стои во честитката од кабинетот на Градоначалникот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk