Честитка од градоначалникот за Рамазан Бајрам

05.07.2016 10:35 | KumanovoNews

 Градоначалникот на Куманово, Зоран Дајановски, упати честитка по повод големиот празник Рамазан Бајрам до сите верници од муслиманска вероисповест.

Честитка од градоначалникот за Рамазан Бајрам

„На сите граѓани од исламска вероисповест им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам со желба за добро здравје, среќа,  радост и успех во животот. Овие моменти се добра можност за изразување на заемна почит и пријателство меѓу луѓето од различна вероисповест. Се надевам дека и понатаму ќе продолжиме да ја почитуваме верската различност и да ја негуваме толеранцијата, да градиме соживот и добри меѓучовечки односи. Ви посакувам пријатни празнични денови исполнети со мир и благосостојба, - стои во честитката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk