Честитка од Клубот на жени на СДСМ

07.03.2011 13:26 | KumanovoNews

Клубот на жени при Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз - Куманово во пресрет на утрешниот празник го честиташе меѓународниот Ден на жените 8 март, со желба за успешна работа и просперитет во сите домени од нивната активност. 

Честитка од Клубот на жени на СДСМ

„Жената во светот воопшто како и кај нас,  во минатото и денес се има докажано како еден од столбовите на општеството во правец на прогресивно остварување на основното право - правото на раѓање и правото на живот, но и на останатите човекови права и слободи. Жената во Македонија како и во Куманово, покрај на планот на мајка и домакинка, од година во година се‘ повеќе се потврдува и како вредна работничка и службеничка, но и како политичар и раководител. Честитајќи им го утрешниот празник, на сите жени на Куманово им посакувам многу успех и среќа во нивните активности за натамошно унапредување на нивниот статус во општеството„ - им порача на жените во пресрет на нивниот празник претседателката на Клубот на жените на СДСМ од Куманово Драгица Велковска.

Воедно ги покани нивните членки на утрешниот свечен коктел во седиштето на Општинската организација на СДСМ во 12 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk