Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претседателот на Советот на Општина Куманово Александар Арсиќ, денеска од името на Советот на општина Куманово и во лично име, на граѓаните од христијанска вероисповест и го честиташе големиот христијански празник Велигден.
-Празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и ги симболизира нашите традиционални и културни вредност и со години наназад не учи на задништво, да си помагаме еден со друг и да го почитуваме семејството и блиските. Нека овој празник не исполни со добра мисла, мир и спокој, да побараме милост и благослов за изнемоштените и молитва за немоќните и слабите. Велигден е празник на семејството и ближните, затоа на сите верници им посакувам топлина во домот, мир и разбирање. Со мир во душата и љубов во срцето, голема верба во бога и слава на Исус Христос, да се радуваме, сакаме и почитуваме. Нека ни е честит и вековит Велигден! Христос воскресна! Навистина воскресна!- изјави претседателот на Советот Арсиќ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk