Честитка од СДСМ за Илинден

02.08.2017 09:45 | KumanovoNews

Општинската организација на СДСМ на сите граѓани им го честита најсветиот ден за македонската историја, државниот празник Илинден.

Честитка од СДСМ за Илинден

„Илинден го паметиме како ден кога е запалена и е разгорена искрата на слободата и независноста. Денес одбележуваме 114 години од Илинденското востание и 73 години од АСНОМ, темелот на нашата државност врз кој денес ја градиме Република Македонија. Овој ден е ден на слава и гордост, но и ден за продолжување на борбата, овојпат тоа е борбата за напредок на татковината во секој поглед,“- стои во честитката на СДСМ.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk