Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за Денот на независноста

07.09.2015 13:57 | KumanovoNews

Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ од Куманово на сите граѓани им го честита 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за Денот на независноста

„На референдумот одржан на 8 септември 1991 год, со убедливо мнозинство - 95% од граѓаните што излегоа да ја изразат својата слободна волја, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија?“. Мало парче земја, сместено во срцето на сите случувања, дел од многу војни, пролеана крв и пот на нашите херои... низ вековите соочени со безброј предизвици, останавме тука да го чуваме и штитиме нашето име и националната определба. Едновековното постоење и опстојување на ВМРО е директен одраз на борбата на македонскиот народ и на сите граѓани за национално ослободување и желбата за создавање на самостојна и суверена македонска држава.

Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ од Куманово на сите граѓани им го честита овој голем празник кој ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Република Македонија и македонскиот народ, стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk