Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за Меѓународниот ден на жената

08.03.2018 08:53 | KumanovoNews

  Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, на сите жени им го честитаат 8 Март- Меѓународен ден на жената.

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за Меѓународниот ден на жената

„Овој празник настанал како резултат на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на мажите и жените. Жените денес не се само столб  на семејството, туку еднакво не одрекувајќи се од улогата на сопруга и мајка стануваат столб на целокупното општество со големи заслуги,  жената полека завзема важно место во сите сфери на животот, од институции, политички организации, до бизнис заедници. Вие сте незаменливиот дел од мозаикот на човековите вредности и двигатели на општеството. Среќен 8-ми Март!“, - стои во честитката на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk