Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за "Свети Кирил и Методиј"

24.05.2016 08:28 | KumanovoNews

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, упати честитка до граѓаните по повод денот на словенските просветители "Свети Кирил и Методиј".

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за "Свети Кирил и Методиј"

„На овој голем ден, нашата татковина го слави празникот на словенските просветители "Свети Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост и литература, заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Во нивна чест и слава, на нас ни останува да продолжиме со создавањето трајни вредности за сестран развој на нашата држава и култура. По тој повод, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, на сите граѓани им го честита овој голем празник“- стои во честитката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk