Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ им го честита 11 Октомври-Денот на македонското востание на сите граѓани.
„11 Октомври е денот кога пукна првата пушка во Прилеп, а веднаш потоа и во Куманово, со што започна борбата против фашизмот, борба за самостојноста на македонскиот народ и се удираат темелите на македонската државност. Наша должност е да го чуваме споменот на храбрите борци кои го дадоа својот живот за ние денес да имаме наше парче земја, наша татковина! Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ од Куманово на сите граѓани им го честита денот на Народното востание на македонскиот народ“, - стои во честитката.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk