Честитка за Илинден од градоначалникот

29.07.2010 13:07 | KumanovoNews

 Градоначалникот Зоран Дамјановски на граѓаните на Куманово им го честиташе Илинден и ги покани во што поголем број да се приклучат на прославата во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Честитка за Илинден од градоначалникот

 На сите мои сограѓани им го честитам големиот македонски празник 2 Август, двата Илиндена од 1903 и 1944 година.Тоа се најсветлите датуми во македонска историја кои ќе не водат напред во светла и просперитетна иднина.Да сте живи и здрави и за многу години да славиме во поубаво Куманово - рече градоначалникот.

На централната прослава во Пелинце ќе присуствува претседателот Ѓорѓе Иванов, а ќе се приклучат и делегации од локалната самоуправа  невладини организации, борци, политички партии од Куманово. Меѓу гостите ќе биде и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk