Честитка за празникот од претседателот на Совет

11.10.2011 11:32 | KumanovoNews

 Во свое и во име на Советот на Општина Куманово на сите граѓани им го честитам големиот празник 11 Октомври.

Честитка за празникот од претседателот на Совет

 Со голема почит и гордост кон нашите предци се навраќаме на денот кога со нивната храброст,огромна пожртвуваност и решителност тргнаа во конечното ослободување на Македонија. Со првата пушка ги удрија темелите на една слободна и независна држава. За нас нивното херојство е вечно исто како што е вечна нашата обврска кон нив,да го сочуваме споменот на нивното име и нивното дело.

Со истрајноста што тие ја имаа, ние денес треба да продолжиме да ја унапредуваме Република Македонија во сите сфери на нејзиното постоење и со тоа животот на секој граѓанин да биде достоен и квалитетен.

Нека ни е честит 11 Октомври!

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk