Честитка за Рамазан Бајрам од ВМРО-ДПМНЕ

04.06.2019 10:39 | KumanovoNews

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на сите верници од муслиманска вероисповед им го честитаат празникот Рамазан Бајрам.

Честитка за Рамазан Бајрам од ВМРО-ДПМНЕ

- Почитувани верници од исламска вероисповед во општина Куманово, Честит нека Ви е големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, празникот на постот, молитвата, солидарноста и милосрдието. Нека ви биде исполнет со многу љубов и берикет!  Во духот на изминатиот свет месец Рамазан, секогаш да се залагаме сите за меѓусебна солидарност, почитување и помагање, бидејќи само сплотени, почитувајќи ги различните вери и религии, ќе успееме да изградиме заедничка и просперитетна иднина за сите граѓани на општина Куманово и Република Македонија, - се вели во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk