Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, упати велигденска честитка до сите христијани што го слават големиот празник Велигден
Во свое лични име и во име на општинската администрација на сите православни верници им го честитам празникот Воскресение Христово – Велигден. Во овие празнични моменти посакувам, преку нашата цврста вера и молитвите да го најдеме вистинскиот пат за да се надминат искусенијата и премрежјата кои не следат како народ и како и држава. Да го сочуваме духовниот мир и да направиме хармонија меѓу нас и околу нас да бидат секојдневие. Да ги почитуваме нашите соседи, пријатели, другари, познаници без разлика на кого припаѓаат и на кој јазик зборуваат. Нека овој ден Ви донесе голема радост, семејна хармонија, здравје и духовен мир- се вели во честитката на градоначалникот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk