Четири куќи зафатени од пожарот во населбата Циглани, соопшти МВР

08.11.2020 15:34 | KumanovoNews

 Четири куќи биле зфатени во пожарот што ноќеска избувнал во наслената Циглана во Куманово, соопшти МВР.  

Четири куќи зафатени од пожарот во населбата Циглани, соопшти МВР

- Во 02 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во куќа во место викано „Ново Куманово“. По излегување на местото на настанот од полициски службеници и Територијалната противпожарна единица Куманово било утврдено дека станува збор за четири куќи, сопственост на Т.И., Р.А., Ј.И. и В.А, - стои во соопштението на полицијата.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид извршила увидна екипа на СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk