Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четири нови случаи на корона вирус се потврдени во Македонија, информираше министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.
Станува збор за лица, кои биле во контакт со семејството од Дебар. Тие во текот на денот ќе бидат префрлени на Инфективната клиника во Скопје.
Осуммината заболени со коронавирус се стабилни, освен првата пациентка од Дебар, кај која има влошување на состојбата и е на граница да биде поставена на машина за дишење.
Првата заразена жена ќе биде пуштена дома, бидејќи го завршила лекувањето.
Владата на денешната седница донесе одлука за воведување на кризна состојба или ограничено движење во општините Дебар и Центар Жупа, откако се потврдени новите случаи на заразени од коронавирус.
На скопскиот аеродром кај еден патник од Германија, македонски државјанин, регистрирана е повисока температура. Тој и патниците кои седеле до и околу него се изолирани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk