Четири нови случаи на ковид-19 во Куманово

05.07.2020 15:59 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19,  а направени се 1032 тестирања.

Четири нови случаи на ковид-19 во Куманово

По градови: Скопје 53, Куманово 4,  Дебар 6, Штип 3, Прилеп 6, Тетово 8, Струга 13, Велес 1, Охрид 8,  Гостивар 5, Пробиштип 1, Свети Николе 1, Кичево 4 и Ресен 2.

Починати се 7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица.

Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk