Четири основни училишта изработија монографија

30.01.2016 09:53 | KumanovoNews

Четири основни училишта од Куманово изработија монографија „Партиципација на учениците во воннаставни активности на училиштата-акциско истражување“, која ќе биде промовирана во понеделник во кружната сала во Комитет во 11 часот.

Четири основни училишта изработија монографија

Монографијата ја подготвија тимови од по 6 наставници од училиштата „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „11 Октомври“ и „Христијан Карпош“.  Монографијата е прва од ваков тип во земјава и е издадена со поддршка на Фондација отворено општество Македонија, а обука за наставниците и рецензија направија професори од Педагошката академија од Словенија, Јанес Крег и Јанес Богринец. На промоцијата секое училиште ќе ги презентира своите активности, а ќе има претставници од ФООМ и гости од Словенија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk