Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија одлучи на четири поединци и два правни субјекти, годинава да им додели Ноемвриска награда.
Наградени се Светлана Антиќ Јовчевска, новинар, писател и публицист, Мирослав Петровиќ поранешен боксерски тренер со врвни резултати, Томислав Нешковски, гитарист и ликовен уметник, Мерилин Стојановска, кореограф и претседател на танцово студио “Мак“, библиотеката “Тане Георгиевски“ и КУД“Бајрам Шабани“.
Сите се заслужни од различни области. Тоа се наши сограѓани кои се препознатливи со својата дејност, луѓе кои твореле и кои што творат, кои што го промовираат град Куманово. Што се однесува до правните лица, тоа се институции кои што со својата долгогодишна активност не само што не изгубиле на квалитет, туку со секоја нивна година од постоење го збогатуваат своето работење и го промовираат нашиот град во и надвор од гарниците на нашата држава - рече Снежана Захариева, претседател на комисијата.
Захариева кажа дека предлозите се изберени едногласно од членовите на комисијата. Наградите ќе бидат врачени на 11 ноември на свечена седница.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk